Јога – совршена хармонија на телото и умот

#СакамСпортСоAllgaSan

Зошто јога? Одговори на ова прашање има многу, но сите се сведуваат на еден едноставен одговор: затоа што јогата прави да се чувствуваш одлично – и телото, и умот, и духот. Толку едноставно! Јогата го зајакнува телото, го отвора умот и го прави пофокусиран, и го релаксира духот… Помага да ги надминеш препреките, да одговориш на предизвиците и овозможува искусување на животот на поинаков начин.

AllgaSan_joga-1

Јогата е дисциплина која ги обединува телото и умот, а потекнува од Индија и е стара повеќе од 5000 години. Таа тежнее да воспостави хармонија помеѓу телото и умот и се смета дека има терапевтско дејство. Воедно, јогата помага за правилно држење на телото, правилно дишење, ја зголемува флексибилноста и ослободува од стрес.

Без разлика кој од стиловите jога ќе го одберете, подолу ќе најдете повеќе причини зошто е таа добра за Вас.

 

 

 

Добра е за Вашето тело (физиолошки придобивки од вежбањето јога)

  • Подобрена флексибилност, рамнотежа, сила и кондиција
  • Зајакнати мускули и подобро држење
  • Подобрена кардиоваскуларна издржливост
  • Правилно дишење и зголемен капацитет на белите дробови
  • Зголемена енергија и виталност
  • Зајакнат имун систем и подобрено варење
  • Нормализирање на крвниот притисок
  • Смирување на нервниот систем
  • Подобрување на сонот
  • Контрола на телесната тежина

Без разлика дали сте почетник или веќе подолго време се бавите со Јога, пред секое вежбање загрејте ги мускулите со масажа со Allga San тоник. Овој тоник за масажа е направен на база на природни состојки и оригинални етерични масла. Загревањето со Allga San тоник ќе помогне за подобра искористливост на мускулите и ќе го намали собирањето на млечната киселина во нив, односно ќе го намали ризикот од мускулно воспаление.

Добра е за Вашиот ум (психолошки придобивки од вежбањето јога)

  • Ослободување од стрес и анксиозност
  • Подобрена концентрација, меморија и ментален фокус
  • Подобрување на расположението
  • Емоционална стабилност и нова енергија на духот
  • Позитивен поглед на животот
  • Зголемување на само-мотивацијата и само-реализацијата

AllgaSan_joga-2По секое вежбање јога, опуштете се со масажа со Allga San Мобил гел. Масажата со Мобил гел е исклучително ефикасна, полезна, релаксирачка и ароматерапевтска – за максимално намалување на болката и пријатно чувство на целото тело. Allga San Мобил гел – лесно се масира, длабоко продира и природно ослободува!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s