Како да почнете да трчате и, секако, да уживате во тоа!

#СакамСпортСoAllgaSan

Доколку сте почетници во трчањето, или пак сакате да почнете да трчате, овие совети можат да Ви помогнат за полесно да го поминете „пробниот“ период, да знаете како да ја намалите болката во зглобовите и мускулите, и секако, како дополнително да се мотивирате.

 

1.       Поставете си целAllgasan_01

Поставувањето на цел е важно за да останете фокусирани и мотивирани. Направете ги Вашите цели реални, за да не се демотивирате лесно. Тренирањето за лесна трка или почетнички маратон е одличен начин да се мотивирате.

 

 2.       Трчајте со пријател

Најдобро е да имате некој со кој ќе трчате заедно, кој би бил на истото почетничко ниво. Ќе се охрабрувате еден со друг, нема да сакате да го разочарате партнерот и да се откажувате, и ова дополнително ќе ве мотивира.

 

3.       Набавете добри патики за трчање

Вистинската патика е клучна за спречување на повреди и за комфор при трчањето. Затоа побарајте совет во спортските продавници да Ви препорачаат патики за трчање.

 

4.       Задолжително загревајте се пред трчањето и ладете се по него

Доброто загревање е клучно за намалување на стресот кој му го правите на срцето додека трчате, но исто така е важно и за мускулите – за да се намали ризикот од повреди. Токму затоа започнете со брзо одење, за потоа да следи лесен џогинг. За подобро загревање пред трчањето, употребете Allga San тоник, кој ќе допринесе за подобра искористливост на мускулите и ќе го намали собирањето на млечната киселина во нив, односно ќе го намали ризикот од мускулно воспаление.

 

5.       Вдишувајте низ нос и низ уста

Дишењето само преку нос додека трчате не е доволно. Она што треба да го правите е да дишете низ нос и низ уста, за да им обезбедите доволно кислород на мускулите додека трчате. Длабокото дишење од стомак е добро за да се спречат страничните болки, кои се чести кај почетниците во трчањето.

 

6.       Научете како правилно да го држите телотоAllgasan_02

Неправилното држење на горниот дел од телот може да предизвика болка во рацете, рамениците, вратот и грбот. Затоа држете ги рацете во висина на струкот, свиткани под агол од 90 степени во лактите. Држете ги грбот, вратот и главата исправени.

 

7.       Пробајте наизменично трчање и одење

Одличен метод за сите почетници: трчајте одредено време, а потоа направете пауза со одење, и така наизменично. Со секој нареден тренинг ќе го покачувате времето во кое трчате, а ќе го намалувате времето за одење.

 

8.        Не се грижете за темпото

Бидејќи сте почетници, треба да трчате со лесно темпо, да можете да дишете лесно и да разговарате додека трчате. Воопшто не треба да се занимавате со темпото. Доколку го поминете тестот со разговорот  без да се заморите, се движите во добар правец!

 

9.       Не претерувајте пред да влезете во форма

Почетниците во трчањето обично се премногу ентузијасти  на почетокот и нетрпеливи за да постигнат резултати, што значи дека можат лесно да претераат, па дури и да се повредат. Почнете со одредена цел, а потоа зголемувајте ја патеката на трчање за околу 10% секоја недела.

 

10.     По тренингот оладете се и опуштете ги мускулите со Аllga San масажа!

По трчање, за да се оладите завршете на обратен начин од загревањето, пополека намалувајќи го темпото за да завршите со брзо одење. Како и по било кој друг напорен тренинг, најдобро е да ги опуштите мускулите со масажа со Allga San Мобил гел. Овој интензивен гел за масажа е особено препорачан за спортисти и луѓе кои водат активен живот, а е направен на база на природни состојки: оригинално етерично масло од алгојски планински бор, од рузмарин и жалфија, како и екстракти од гавез, арника и камфор.  Масажата со овој природен препарат е исклучително ефикасна и полезна, а ефектите од неа се чувствуваат и до 4 часа по апликацијата. Уште повеќе, правилната масажа со Мобил гел може да зголеми 30 % од перформансите при спортски активности. Allga San Мобил гел – лесно се масира, длабоко продира и природно ослободува!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s