Ехо е производ на љубовта кон природата и планините

Од втори до петти ноември, веќе шеста година по ред, се одржува една уникатна манифестација за љубителите на планините, природата и уметноста поврзана со природните убавини – Ехо фестивал на планински филм. Околу тоа како настана Ехо, што сè содржи и колку љубов и труд се потребни за да се збогатува од година на година, поразговаравме со директорот на фестивалот –
Игор Талевски.

 

12195099_992016570820205_809152049934655102_oЕхо фестивал е продукт на љубовта и посветеноста кон природата и огромниот ентузијазам да се направи нешто поинакво и убаво :). Кои се луѓето што го направија Ехо? Како се случи фестивалот?

Причините за постоење на планинскиот филмски фестивал Ехо се повеќе. Секако, основата е тоа што често го повторуваме: славење на природата и планините и нашата вљубеност во нив – не само на тимот кој работи на фестивалот, туку на целата заедница која своите спортови ги практикува во таа сцена. При тоа сепак многу внимаваме тоа да не биде само обично правење „фешта“, туку преку внимателно селектирана програма на филмови и презентации, кои се дело на искрени луѓе, да ја едуцираме таа заедница да биде свесна за својата трага што ја остава (многу сме среќни што често дел од програмата се теми кои обработуваат заштита на животна средина, етика и философија…) и да биде безбедна, но и да инспирираме што повеќе други луѓе – да излезат и да се радуваат со нас во природата. Ехо го работи тим на волонтери кои се претерано вљубени во некои од планинските спортови при што наша основна љубов мислам дека се алпинизмот, скијањето, бордањето и планинскиот велосипедизам. Ехо е производ на таа наша љубов и потребата да ја манифестираме со што како што кажав – би едуцирале и инспирирале.

 

1383365_645345392153993_341507728_nКои се вашите активности во текот на годината, како се одвива организацијата на фестивалот? Веројатно ќе почнете да размислувате за следниот фестивал штом ќе заврши овој?

Од страна гледано Ехо се случува прилично спонтано. Па дури и ние како тим кога гледаме на тоа. Сепак, фестивалот мислам дека го работиме цела година повеќе или помалку свесни за тоа. Кога имате повеќе децениско искуство зад себе, создадена е една енергија која постојано се движи натаму-наваму и го полни Ехо со програма преку спонтана и непосредна комуникација со наши колеги од Македонија, но и од други земји – преку нивните филмови и преку нивната желба да гостуваат и да се запознаат со нас и нашата земја и можностите за нив овде да го практикуваат својот спорт или и да снимаат некој следен проект. На следното Ехо работиме пред да се случи и овогодинешното 🙂

 

935992_645345568820642_1267814614_nКако се остваруваат контактите со гостите на фестивалот? Колку е тешко односно лесно да се подготви богата и интересна програма?

Контактите со гостите се остваруваат со взаемна комуникација: некој е поканет од нас, а некој едноставно нè контактира и сака да биде дел од Ехо. Во однос на целосната програма (презентации, филмови, аматерски видеа, фотографии…) – среќен сум што на реализацијата на Ехо работат искрено вљубени луѓе во природата и нам како на тим не ни е потребна „холивуд“ приказна за да сакаме да влезе во програмата. Им се радуваме и на кратки видеа кои „само“ ги прикажуваат цвеќињата и инсектите кои ги одминуваме при нашите тури и сакаме и тие да одекнат на нашиот Фестивал. Да им дадеме глас. Среќни сме посебно со конкурсите за Најдобро аматерско видео и Најдобра планинска фотографија – што еве оваа година повеќе од 150 автори ги споделија своите приказни преку нас со целата заедница и поширока јавност.

 

Љубовта кон планините и планинарењето се инспирацијата за Ехо. Колку се дел од вашето секојдневие, колку време поминувате „горе“? Како изгледа една недела од вашиот живот, на пример? Кои се другите обврски и колку вистински има време за она што најмногу го сакаме?

Верувам дека не само јас, туку и сите други во тимот на Ехо – ги живеат планините 24 часа во денот. Верувам дека не само јас, туку и моите колеги: сонуваат планини, се будат во нив или со мислите за нив и секоја можност ја користат да го дишат воздухот и да се радуваат во нив. А кога нема таква прилика: читаме книги и списанија, гледаме нови видеа, филмови, контактираме со колеги за идеи, проекти… Тоа е нашето секојдневие.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s