ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО МАРИОВО – спортувајте, уживајте, поставете си предизвици

Во пресрет на нашиот омилен аутдор фестивал MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE 2016, кој по петти пат се одржува последниот викенд во мај (од 27 до 29), во околината на село Манастир, Мариово, направивме интервју со човекот што е заслужен за овој кул настан – Слободан Трајковски-Касандар.

981044_493785514027273_52301885_oГодинава, учесниците на фестивалот, како што вели организаторот Слободан, ќе имаат можност да уживаат во тридневна програма што вклучува: прикажување на филмови со аутдор содржина, забава на отворено со диџеи и бенд, и пет спорта: велоспедизам, планинско трчање, планинарење, аеробик и болдеринг. Во склоп на фестивалот ќе биде изведен и Rural Bootcamp Bubalo во кој што учество можат да земат сите пријавени посетители.

P1020978
Слободан Трајковски

 

Мариово Off-Road Experience, од 2012 до 2016. За цели пет години од велосипедски фестивал прерасна баш во целосно Оff-road доживување, со многу учесници, многу настани, секакви содржини. Како гледаше на приказната тогаш (2012), а како сега?

Започнавме многу скромно. Бевме само тројца вљубеници во Mариово: Гоце, Јово и јас. Имавме само идеја да поканиме повеќе луѓе во прекрасното Мариово и заедно да уживаме во убавините што тоа ги крие. Тогаш немавме никаква логистичка поддршка. Со точаци извозевме од дома до Мариово, земавме два спреја за маркирање на патеката и по една вреќа за спиење, но имавме огромна желба и љубов да направиме нешто добро за сите. И така, првата година имавме 100 гости, а минатата година стигнавме до бројка од 800 посетители. Постојаниот пораст на бројката на гостите не убеди дека сме на вистинскиот пат од Мариово да направиме фестивал во којшто секој ќе си го најде своето уживање. Напорно работиме да го постигнеме сево ова и со текот на времето околу фестивалот се создаде една позитивна екипа каде што секој си го знае тој дел. Затоа голема благодарност упатувам до Општина Прилеп и градоначалникот Ристески, програмата на УСАИД за експанзија на мали бизниси, karas4training.com, локалното население во село Манастир, и сите клубови и спортисти кои што се вложуваат во ова.

 

Какви се плановите за понатаму со Off-road experience? Нови дисциплини, нови локации?

Имаме големи планови во однос на фестивалот и Мариово како област. Првата година започнавме со еден спорт, за оваа година да стигнеме до пет спорта. Сонуваме на десетгодишнината да имаме десет аутдор спорта и на влезот на Мариово да поставиме табла „ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО МАРИОВО – ЦЕНТАР ЗА АУТДОР СПОРТОВИ“. Во тој правец се движиме. Нашиот план е секој што ќе сака да практикува некаков аутдор адреналински спорт да дојде во Мариово и да ужива во прекрасната околина и возбуда што го нуди просторот. Во иднина сакаме да воведеме и кејвинг, кајакинг, спортска ориентација, рафтинг, параглајдинг и други атрактивни спортски дисциплини.
DSC_0230

На страна од ангажманите околу Мариово, дали имаш доволно време за други Оff-road доживувања? 

Секогаш успевам да најдам време за да направам нешто друго што ме исполнува, покрај организацијата на фестивалот, а да биде поврзано со посета на планините и сите други убави места во Македонија. Редовно ги посетуваме и другите велосипедски настани во Македонија и на Балканот, планинариме, качуваме карпи. А како врв на сезоната секогаш стои Македонската Тур де Франс Експедиција и посетата на француските Алпи. Продолжуваме со пишувањето на капиталното дело за Мариово заедно со Марио Шаревски и Дарко Стојчески каде што ќе ги собереме сите приказни на жителите на Мариово. А за оваа година во план е и издавање на двете книги-патеписи „Мојата прва експедиција“ и „Велописи“. Секогаш е убаво да се најде време за себе и да се прави она што најмногу те исполнува. Затоа секогаш сите ги мотивирам дека треба да излезат од дома и да го направат тоа.

 

Што препорачуваш за опоравување на мускулите по едно вакво искуство?

Опоравувањето на мускулите започнува уште за време на нивното „трошење“, во текот на спортската активност. За тоа време треба постојано да ги храниме мускулите со потребните минерали. Кога ќе завршиме со спортувањето внесуваме храна која што најмногу им е потребна на мускулите за да се опорават и да бидат подготвени за следните оптоварувања. Ова посебно важи за повеќедневните тури што ги правиме за време на експедициите. Таму имаме постојана потреба од внесување на квалитетна храна бидејќи доколку ги „потрошиме“ мускулите во еден ден, следниот ден нема да бидеме функционални. А имаме долг пат пред нас и високи превои за искачување.

This slideshow requires JavaScript.

 

Што е за тебе најголем предизвик? На што си горд, а што ти претстои за “освојување”?

Уживам искачувајќи ги планинските превои. Во Македонија ги имам искачено сите планински превои, а на Алпите триесетина. Тука го вклучувам и највисокиот планински превој во Европа, 2802 метра високиот Кол де ла Бонет и познатите Галибие, Алп Дуез, Маделен, Кроа де Фер, Гландон, Мон Венту, Ањел, Ѕонколан, Џау, Пордои и многу други. Од тука произлезе и документарниот филм „Слобода на две тркала“, направен минатата година во продукција на karas4training.com, на што сум посебно горд и со што сметам дека заокруживме една целина после што продолжуваме понатаму во друг правец. Следна цел ми е обиколка на цела етничка Македонија за десет дена. Тоа се 1500 километри, посетувајќи ги сите делови на Македонија, вклучувајќи ги и најисточното и најзападното село во Егејска Македонија – Инџес и Грамос.

 

Би им порачал нешто на читателите на Здрава навика?

Истото она што им го порачувам и на моите ученици, а тоа е да успеат да си се осознаат себеси преку подолг престој во природа, на планина, на велосипед. Тоа е природната средина за човекот и место каде што луѓето уживаат во предизвикот, околината, спортот. Доколку имаат и најмала искра за движење, да ја пронајдат во себе и да ја претворат во оган што ќе ги мотивира да си поставуваат предизвици што ќе ги хранат и ќе ги влечат напред во нови походи.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s