Марјан Бонев: Моментите на скокање во вода, валкање во кал и трчање низ убава природа се незаборавни

Државен шампион во планинско трчање, освоено прво место на низа меѓународни трки со препреки и уште многу одлични пласмани, Јумеихо терапевт и вљубеник во природата… Ова се само дел од работите што можат да се кажат за Марјан Бонев, супер-кул дечко од Велес кој моментно живее и работи во Франкфурт, Германија.

Во пресрет на најголемиот предизвик за него во претстојниот период – европското првенство за трки со препреки во Холандија, поразговаравме со него за повеќе нешта, од предизвиците до исхраната и опоравувањето на мускулите. Подолу се неговите одговори, а ви пррепорачуваме да го следите и неговиот блог. 🙂

13288585_10153396002412723_933472171_o

Трка со препреки, спорт кој бара многу физичка спремност, истрајност и мотивација. Како почна и колку време требаше да го достигнеш сегашното ниво, со оглед на тоа дека веќе имаш освоено две први места и уште многу други одлични пласмани?

Отсекогаш сум имал желба за авантуристички трки, каде што има искачување по јажиња, мрежи, прескокнување висински препреки, носење и влечење вреќи, санки и сл., односно еден вид комбинацијата на трчање во планина и паркур – минување по однапред зацртана патека и совладување на препреки. За жал на Балканов прилично доцна доаѓаат светските трендови и ваквиот тип на трки, па така за прв пат учествував во јули 2014 на Spartan Race во Келн, единствената ваква трка за таа година. Подготовката за таа трка се состоеше од споделено искуство, мали финти и трикови од страна на Даниел Трбогазов кој во истата година имаше учествувано во Минхен, гледање видеа од трки на youtubе и регуларните подготовки за планинско трчање со кое почнав во 2013 година. Следната, 2015 се натпреварував на 4 трки од ваков тип, на кои имав освоено 2 први места, едно трето и едно петто место. Па 2016 знаев дека сакам да се подготвувам повеќе за ваков тип трки отколку класично трчање, па агендата засега брои 5 завршени трки и барем уште толку се во план.

 

13293177_10153396002192723_1341327182_n

Следниот предизвик е европското првенство во Холандија на 12 јуни. Како се подготвуваш за оваа трка?

Најголемиот предизвик треба да биде Европското првенство во Холандија, на кое учество треба да земат најдобрите од Европа во овој спорт. Подготовките во овој период главно се состојат на штимање на брзината на трчање и техниката за економично изведување на препреките. Веќе сум влезен во натпреварувачка сезона па така од почетокот на месец мај до викендот на Европското првенство немам викенд одмор односно секој викенд е трка. А во текот на работната недела имам еден тренинг за брзина, еден тренинг за снага и другите се помошни тренинзи за одржување на формата и опоравување.

 

Каков е еден ден во животот на Марјан. 🙂 Што јаде, колку спие, колку време тренира..?

Иако и самиот би сакал еден мој класичен ден да изгледа како ден на професионален спортист сепак засега не е така. Односно, се будам помеѓу 6 и 8 часот зависно од тренинзите во претходниот ден и потребата за повеќе или помалку одмор. 13324457_10153396002207723_913200310_oДоколку не е ден за напорен тренинг, стандардно пијам вода со лимон или лимон-портокал сок и излегувам на првиот тренинг трчање во траење од 50 до 70 минути.Појадокот следува веднаш после тренингот и најчесто се овес, киноа, амарант потопени во топла вода, кокосово масло, чија, банана и друго свежо и суво овошје по желба и моментални залихи. Потоа следи краток работен ден. Работам како Јумеихо терапевт (акупресура, зглобно местење, лимфна дренажа), во паузата меѓу работа имам ручек, пример – свежа зелена салата или кратко обарена брокула, карфиол, морков, како и претходно сварен ориз, црн или црвен грав. Вториот тренинг е предвиден околу 18 часот и се состои од тренинг за баланс и снага (2-3 пати во неделата околу 60-90 минути) или повторно трчање (3-4 пати во неделата околу 40-50 минути). Иако малку доцна, но така налагаат останатите обврски, вечерата е дури во 21 часот. Се стремам да легнам пред 23, но реално успевам да биде кратко пред 24 часот, што исто претставува успех и солидно време за одмор поради тоа што што инстант лесно заспивам. 🙂

 

Што преземаш за опоравување на мускулите по секој тренинг, а што правиш по завршување на една трка?

По секој тренинг, особено напорен, многу е важно да се испие шејк и да се јаде колку може побрзо по завршувањето, односно никако да не се испушти 120 минутниот „прозорец”. Составот на тој шејк или оброк треба да биде комбинација од прости и сложени јаглехидрати и протеини. Исто така се мачкам со Алгасан мобил гелот за ладење и опоравување и третиот неизбежен дел од оваа рикавери трилогија е компресионата облека, особено за долниот дел од телото, нозете како целина. Сè горе-наведено важи и за после секоја трка, додека ако станува збор за лесен тренинг во тој случај битен е оброкот по тренинг, а зависно од акутна болка се мачкам и облекувам компресија.

13318576_10153396002162723_42082526_n

 

Неколку зборови со кои би ги мотивирал оние што би сакале да се бават со овој спорт.

На првата трка одете пред сè да уживате во интересните препреки за кои често може да имате потреба и помош од вашите тимски другари или пак други учесници на трката. Пријавете се за средна или долга дистанца доколку не сте сами на трката и иако може ќе ви треба повеќе време да завршите, сепак сите моменти на скокање во
вода, валкање во кал и трчање низ убава природа со другарите се незаборавни. Дополнителна мотивација може да бидат и уникатните финишерски медали кои се добиваат за успешно завршена трка.

Доколку сте натпреварувачки калибар како мене во тој случај знајте дека ниту чиста трчачка брзина, ниту големи мускули нема да ве однесат брзо до целта. Мојата дефиниција за успех е 70% брзо трчање и 30% економија на поминување препреки. Ви треба брзина, а воедно и снага во нозете, трупот и горниот дел од телото.

This slideshow requires JavaScript.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s