Девојки што сакаат хајкинг (Подмачкано од Алгасан)

Вилма Стојаноска, Марија Арсовска и Луција Филипашиќ се три девојки кои имаат различни интереси и различна возраст, не учеле заедно и не излегуваат заедно „во град“,  но кога ќе отидат „горе“ – сè е поинаку. Таму ги спојува истата енергија, истата љубов кон природата, истата страст и зависност од планините и една група на супер дечки и девојки што прават сето тоа да е толку добро – групата I love hiking… И едноставно, се случуваат феноменални дружби и се понесуваат дома многу прекрасни „моменти за паметење“.

ILoveHiking_18

ЗН: Девојки, како почна вашата љубовна врска со планините и како дојде до оваа супер дружба во I love hiking?

Марија: Како почнав? Ми се одеше на планина, сите беа зафатени, видов дека има тура, реков: добро, ќе одам. И отидовме на Китка, ова беше пред пола година. И од тогаш одам често. Концептот што мене ми се свиѓа со Хајкинг е што е група отворена за сите ентузијасти за планина. Не бркаме спортски резултати, едноставно одиме да уживаме во природа. Многу е поблиско до обичните луѓе, „неспортисти“, полесно се решаваш да отидеш некаде подалеку и да се тргнеш од вообичаените места како Водно и Матка. А дружбите се убави затоа што се среќаваат луѓе од сите возрасти, од разни краеви, имаме екипа и од Велес и од Калин камен…

Луција: Почнав пред точно една година, а веќе подолго време ми се одеше посериозно на планина. Сите што ги познавам не сакаат да одат, викаа дека не можат ни до Водно да се качат. Па, почнав сама да барам, најдов група на фејсбук и се зачленив. Имаше некој пост дека во сабота или во недела дека ќе се оди на Пелистер, им пишав и отидов. Претходно немав одено никаде освен на Водно и отидов само со патичиња и тренерки. А беше поладно, имаше снег… дојдов со уште пет другари, сите неспремни… без капи, без ракавици, без никаква опрема и сите се качија до горе заради мене. Ама, од тогаш ми се создаде голема љубов за планината. Таа те полни со животна енергија. Едноставно, ако не отидам на планина, нешто ми фали.

А одам со Хајкинг затоа што се тотално неформална организација, може да оди кој сака, само треба да пише доаѓам и толку! Го плаќаш превозот, а ако си дојдеш сам со кола ниту тоа. И доаѓаат секакви луѓе, од секакви професии и од сите возрасти.

 

Луција Филипашиќ

Вилма: Првпат за Хајкинг дознав од другар од маало. Тој беше претходно на некоја тура, и ми рече: Ајде, ајде дојди! (се смее). И за следната тура отидов со нив. Турата беше Караниколички езера и тогаш првпат качив нешто повисоко од Водно, т.е. над 2000 метри. И еве, активно одам со нив околу девет месеци. Луѓето што доаѓаат се од 7 до 77 години, и сите се дружиме и буквално се спојуваме на иста фреквенција.

 

ЗН: Како изгледаат турите на I love hiking? Колку луѓе доаѓаат обично на една тура?

Луција: Секогаш е различно, има тури кај што сме четворица, а има кај што сме 140 души.

Марија: На пример, на Кајмакчалан бевме два автобуси, тоа беа некаде околу сто и нешто луѓе, а еве пред две недели бевме на Осоговски. Отидовме со три коли, се качувавме ноќно, горе славев роденден, ми извадија торта, ме изненадија, дочекавме изгрејсонце и беше многу убаво. Кога ќе одиш на планина, со сите си близок. Збир на убави луѓе и енергии.

Вилма: Да, друга е енергијата „горе“. Ние се знаеме кратко, не можеш да оформиш некое пријателство како оние што се од одамна, ама пак таму сите се дружиме многу и цело време. Супер е, ептен.

Вилма Стојаноска

 

ЗН: На страна од Хајкинг, што правите и колку сте активни? Со кој спорт се занимавате и во кој правец би се развивале понатаму?

Марија: Мене прва љубов ми е одбојка: Играв и професионално, сега играм со ветеранките, одам на турнири, играме тука, одиме на гости… Заради одбојката бев цел живот затворена во сала и малку одев на планина. Почнав на Водно, после еднаш отидов на Кораб и почнав некако со спортско качување… и така ми се создаде љубов кон аутдор работи. Ја изнашетав Македонија и ги открив сите мали скриени места, што се прекрасни: Демир Капија, Стење, цела Преспа, Матка… и потоа ми фалеше да се пробам и на планина. Сега, одам на тури со Хајкинг, а одам и на спортско качување, и во зимски услови. Обожавам кампинг и сè што е аутдор. Плус, возам ролери, практикувам јога и малку ми е тешко да најдам време и за работа и за социјален живот и за спорт, затоа што кога имам слободен ден треба да решам што ќе правам, а сакам и едното и другото ама нема време за сè (се смее). Како и да е, ова ми е издувен вентил, но е и дел од мојот карактер. Сакам да пробувам и други работи, еве почнувам полека и со алпинизам…

Марија Арсовска

Луција: Освен планинарење не се бавам со ништо премногу сериозно. Возам точак цело време, летово секоја вечер вежбам Insanity и P90x на отворено и интересно ми е затоа што на друг начин ја трошиш енергијата, за еден саат се чувствуваш уморен како цел ден на планина. Турбо е! И ми се свиѓа што е надвор. Сум пробала неколку пати да се затворам во теретана и не сум можела да издржам повеќе од неколку недели. Порано пливав професионално, но престанав, а во моментов планинарењето ми е најубаво од сè што правам.

Вилма: Од мали нозе сум сакала спорт. Тренирав ракомет долго време, осум години, а учев и во средно фискултурно, но во моментов единствено сериозно ми е планинарењето. Го правам секоја недела, а во текот на неделата рекреативно возам точак, трчам, периодично вежбам P90x, но планинарењето ми е најголемата љубов. Исто како и Марија и Луција, не би се затворила во теретана или сала, туку би вежбала било каде надвор.

Луција: Кога слушнав дека се вежба надвор Insanity и P90x, реков „јеее, тоа е тоа!“ Ама друго е, поприродно е, вежбаш на земја, ветре ќе те дувне… во сала ми е како во кафез.

 

 

This slideshow requires JavaScript.

 

ЗН: Приказната со Хајкинг продолжува, дружбите се интензивираат… Што наредно се планира, знаете ли каде ќе одите следно? Како се најавуваат турите?

Марија: Кога има тура, таа се најавува недела дена однапред. Да имаш време да видиш дали ќе можеш да одиш, да испланираш и да се пријавиш. А најважно е што може секој да отиде, не мора да си не знам колку профи…

Вилма: За турите не треба не знам каква физичка спремност. Водичите и другите постојани членови постојано ти даваат енергија и те мотивираат да продолжиш. Секако, секој почеток е тежок, ама ако се има желба може да се почне со почетни и лесни тури. За секоја тура се најавува тежината, дали е за почетници, средно лесна, средно тешка… Има и тешки зимски тури на кои одат малку луѓе… Значи за секого има по нешто и буквално секој може да дојде.

 

ЗН: Која е вашата порака до оние што сакаат да одат, ама „се мислат“… оние што се нерешителни и можеби се плашат да пробаат?

Марија: Кога ќе ми речат: „Е, што убаво ти е, цело време шеташ, те гледам ваму-таму“, им одговарам дека ни јас не сум се родила со кондиција. И јас се потам, ни мене не ми е лесно, меѓутоа тоа е моментот: да зајакнеш, да се бориш со себе и да стекнеш континуитет. Среќни сме што имаме премногу планини, врвови за освојување, преубава природа… Им препорачувам на сите барем еднашка да најдат сили и слободно време да отидат на планина. Ќе видат дека после тоа сами ќе си ги прават плановите, затоа што таа чивија лесно ти влегува. Затоа што Скопје еве како е, сè повеќе и повеќе бетон, па убаво е да се избега од хаосот и гужвата и да се отиде на планина: неверојатна природа, чист воздух, слушаш птици околу тебе… Моја препорака е да не си мислиш дека не знам што треба да правиш и дека треба да си не знам колку спремен, едноставно одиш да уживаш. Бевме сега на тридневен марш од Богомила до Скопје, преку Чеплес, Солунска глава, па се симнавме на Караџица, од Караџица преку Марков манастир завршивме на крст… Со нас имаше луѓе што имаа по 70 години и носеа 50 литарски ранец цели 60 километри! Едноставно кога ќе видиш таков човек покрај тебе, ти дава мотив. Баш затоа сакаме да ја прошириме љубовта кон планината на други луѓе. Еднашка дојдете, после сами ќе барате!

Луција: Марија кажа баш сè што требаше.

Вилма: Не се плашете, дојдете!

 

 

фото: Кире Галевски

Advertisements

One comment

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s