Тренинг со… Марјан Бонев (Подмачкано од Алгасан)

Марјан Бонев е, како што повеќето од вас знаат, државен шампион во планинско трчање и наш стар пријател. 🙂 Веќе направивме интервју со него на нашиов блог, а сега го посетивме и додека тренираше во Фитнес студио Мој тренер, па направивме неколку фотографии и краток муабет.

Бонев ни спомна дека се доживува себе си како вечно дете што постојано сака да си игра. Секоја планинска трка, за него е нова игра, со скокање, пентарење, тркалање и сл. „Тоа би било мојата идеална професија доколку најдам работа во овој спорт. Ем играш, ем заработуваш :)“, вели Бонев.

По завршувањето на тренингот, го прашавме Бонев што презема за опоравување на телото и мускулите: „После напорна трка или тренинг многу е важно да се испие шејк и да се јаде колку може побрзо по завршувањето. Составот на тој шејк и тврд оброк треба да биде комбинација од прости и сложени јаглехидрати и протени. Исто така се мачкам со Алгасан Мобил гел интензив за ладење и опоравување; и третиот неизбежен дел од оваа рикавери трилогија е компресионата облека, особено за долниот дел од телото, нозете како целина.“

 

 

фото: Кире Галевски

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s