Никлас Холстен на ЕХО Фестивал (подмачкано од Алгасан)

Од денес, 17ти октомври до четврток, 20ти октомври, се случува еден од нашите омилени настани – ЕХО Фестивалот на планински филм, традиционално поддржан од Алгасан. Сите вљубеници во природата, планините и екстремните спортови ќе можат да уживаат во ова, досега најбогато со содржини, седмо издание на фестивалот. Програмата е супер: 50тина филмови (од кои три македонски) во три кино сали: Милениум, Фросина и џепното кино во МКЦ, две промоции на книги, многу гости, трибини, кул дизајн на маички… Со други зборови, настан што не се пропушта. 🙂

 

Еден од гостите на ЕХО е и најдобриот сноубордер во Финска, Никлас Холстен (1983).

И покрај неговите почетоци во фристајл и бордеркрос, денес тој се натпреварува само во фрирајд натпревари. Никлас е првиот Финец кој учествувал во квалификациите за Фрирајд ворлд тур, во 2010 и го освоил третото место. Истата година победил на скандинавскиот фрирајд шампионат. Во 2012 победил на Австрискиот фрирајд куп, а минатата година станува и шампион на Финска во фрирајд. Заедно со својата сопруга Нивес и хаските Лангоре и Шила, во последните години Никлас го формира тимот Холстен со кој патуваат низ светот во зимските месеци и избираат атрактивни линии за искачување и спуштање.

 

Минатата година беа и во Македонија, ги искачија врвовите Кораб и Кепи Бард, и заедно со Томе Котески и Методи Чилиманов спуштија прва линија по Кепи Бард.

4d5233_50a5fb3ab6964179be289c3b040177a2

Никлас на ЕХО ќе ни долови мал дел од неговиот живот на професионален сноубордер и авантурист, а ќе имаме можност и премиерно да го погледнеме филмот на тимот Холстен насловен After you, кој делумно е снимен во Македонија.

 

Презентацијата на Холстен на ЕХО е на 19ти октомври во 20:45 во киното Фросина. Целата програма на ЕХО можете да ја погледнете овде.

 

Натпревари:

Светска турнеа во Фрирајд – квалификации 2010: 3то место

Скандинавски шампионат во Фирајд 2010: 1-во место

Австриски фрирајд куп 2012: 1-во место

Фински фирајд шампионат 2016: 1-во место

 

Филмови:

Hisslös 2012

Pilke freeride movie 2013

TeamHollsten leaving tracks 2014

As it was 2015

 

Дел од фотографиите се преземени од блогот на Холстен.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s