Глуждот на удар

Шинувањето односно дисторзијата на глуждот (скочниот зглоб) е можеби најчестата спортска повреда, а најчесто настанува при инверзија на стапалото – негово вртење кон внатре, додека глуждот во истиот момент е во положба на плантарна флексија.

 

Речиси и да нема човек кој барем еднаш во живото не се соочил со болен и отечен глужд и целата непријатност и неможност за нормално движење кои се последица на оваа состојба.

Шинувањето или дисторзијата на скочниот зглоб претставува повреда на лигаментите кои го држат глуждот, а најчесто настанува при инверзија на стапалото – негово вртење кон внатре, додека глуждот во истиот момент е во положба на плантарна флексија (или положба како за „стоење на прсти“). Кај спортистите ова најчесто се случува кога при доскок ќе се згазне на надворешниот раб на стапалото или при нагла промена во текот на трчањето.

gluzd-1

Ова е една од најчестите спортски повреди, чинејќи дури 25% од сите спортски повреди, особено кај контактните спортови како кошарката, фудбалот, одбојката, но и кај сите останати спортови во кои трчањето и скокањето се главниот дел од активноста. Покрај спортската активност, скочниот зглоб може да го повредите и при невнимателно движење по некој нерамен терен, погрешно стапнување на тротоар или скалило, при симнување од поголема висина или при едноставно лизнување на мраз на улица.

Симптомите на дисторзијата на глуждот се разликуваат во зависност од степенот на повредата. Повредата од прв степен ја карактеризира истегнување на лигаментите со минимален оток и болка, минимално оштетена функција на зглобот. При втор степен, се работи за умерено тешко исчашување, делумно пукање на лигаментите, со поизразена болка, а присутни се оток и вкочанетост на зглобот. При оваа повреда има умерено губење на функцијата, неможност да се згазне на прсти, и потребни се 2-3 месеци да се поврати целосната сила и стабилност на зглобот. Третиот степен е најтежок облик на исчашување при целосно пукање на страничните лигаменти и зглобната капсула, со силна болка, интензивна вкочанетост на зглобот па дури и негово разлабавување.

gluzd-2 Без разлика на степенот на повредата, третманот во првите 48-72 часа е ист, односно подразбира одмор (поштедување на зглобот, при што се препорачува одење со штаки), третман со мраз (по 20 минути на секои два часа), компресија со примена на еластичен завој и подигање на нозете за да се намали отокот. По овие 72 часа се препорачува постепено раздвижување на зглобот, а понатаму и воведување на различни вежби за зајакнување и враќање на функционалноста на скочниот зглоб.

Најдоброто што може да го сторите за време на сите фази, а особено во првата најакутна фаза од повредата, се препорачува локален третман со Алгасан арника гел од палетата природни препарати на Д-р Тајс, направени на база на растителни екстракти и етерични масла со врвен германски квалитет.


allgasan_mobil_arnika_01

Алгасан арника гелот треба неколку пати дневно да се нанесе на болното место и нежно да се измасира, при што продира длабоко во кожата, делува моментно противвоспалително и природно ослободува од болка и напнатост.

Арника гелот се користи не само кај шинувања, туку и кај исчашувања, контузии, тапи повреди, повреди на мускулите, тетивите и зглобовите, како и при ревматски заболувања.

Екстрактот од цветот на арниката ги намалува отоците и ги лади болните места, а ја подобрува и периферната циркулација. Особено се препорачува за спортска масажа на вкочанети мускули и зглобови. Арниката не треба да се нанесува доколку на кожата има какви било рани или оштетувања.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s